Апликација за зонско паркирање за сите градови кои се водат под бројот 144 144.
Апликацијата може да се користи како регистриран корисник и како корисник без најава. Можностите за плаќање на зонско паркирање се: преку кредитна картичка. Одбирање на зоната на паркирање може да се врши на следниот начин: - Преку автоматско препознавање на зоната доколку е вклучена опцијата Location на телефонот - Со скенирање на QR кодовите поставени на информативните табли на паркинзите (доколку градот го овозможува тоа) - Со избирање на зоната од мапа - Со избирање на зоната од список на сите зони Како регистриран корисник имате можност за преглед на сите претходни паркирања, зачувување на регистарски таблички и платежни картички, и промена на лозинка. Предноста како регистриран корисник е тоа што при отворање на апликацијата постои можност автоматски да Ви бидат пополнети сите полиња, односно како регистриран корисник, доколку Ви се зачувани регистарската табличка и банкарската картичка, и имате овозможено локација на телефонот, паркирањето и наплатата се извршуваат брзо и поедноставено.
Апликацијата е достапна на три јазици: македонски, албански и англиски